.RU

[I] Мемоари на К. П мисирков Чиф[лик] Климентово, Ахтир[ска] о[колија], Харков[ска] губ[ернија] - старонка 18

97



Без оглед на ова, Србите и Грците ликуваат и ja празнуваат победата. Романците организираат свечености по повод склучувањето на мирот. „Южный Край" од 29 јули пренесува од

Белград: Веста за склучувањето на мирот е прифатена со ентузијазам. Престолнината е украсена со сојузнички знамиња, на улиците има маса народ. Со особена радост е примена наредбата за демобилизација на војската, која ке почне на 29 јули. На Пашик му е доделен орденот Бел орел од I степен.

Радосните Срби, Грци, Романци, освен што се надеваат на Франција и делумно на Германија, големи надежи полагаат на новиот српско-грчко-романско-црногорски одбранбен сојуз создаден со напорите на Франција. Од Букурешт ,,Г[олосъ] М[осквы]" од 27 јули пренесува: „Во мировниот договор има посебен параграф, кој вели дека Србија, Грција, Романија и Црна Гора заемно се обврзуваат да ги штитат своите нови придобивки од нападите на која било трета држава. Под оваа трета држава се подразбираат Австрија или Бугарија. Значи, ако Австрија би наумила сега да ja нападне Србија, таа би се соочила со сите сојузници. "

Мегутоа, ако Австрија, Русија и Италија заедно би ги нападнале новите сојузници,

што гогаш?

Во Букурешт за тоа не размислуваат и му се предаваат на бучниот пир по повод ограбувањето на Бугарија.

Букурешт. СПА: „Мајореску во зградата на Министерството за надворешни работи дал свечен ручек за мировните делегати. На ручекот присуствувале сите романски министри со еопругите, странските делегати со секретарите и највисоките чинови на Министерството. На ручекот Мајореску одржал здравица, при што рекол:

- „Мировната конференции ja изврши својата задача и јас сум срекен уште еднаш да
им ja изразам нашата благодарност на делегатите на христијанските балкански држави за
честа што ни ja укажаа со доагањето во Букурешт и со завршувањето во престолнина на
Романија на делото на мирот, кон кој ние толку страсно се стремевме и кој толку многу
ветува за иднината на нашите држави. Брзото постигнување на спогодбата и покажаното
единство на погледите сведочат дека во Европа се појави нова значајна сила. Резултатот е
постигнат благодарение на неуморната работа, на високото сфакање на патриотскиот долг
и на помирливото расположение на членовите на конференцијата. "

Пашик одговорил: „Сметаме дека првенствено треба да ja изразиме искрената и длабоката благодарност за благонаклонетиот и гостољубив прием што ни е приреден во престолнината на Романија. Пред се, му изразуваме благодарност на Неговото величество кралот Карл, кој со својата мудрост и отвореност ja крена Романија на такво културно ниво и мок, благодарение на кои таа стана првостепен политички фактор на југоистокот на Европа". Понатаму Пашик им изразил благодарност на романските државни дејци, а особено на Мајореску, кој со својата способност, искуство и љубезност успеа да ja доведе конференцијата до крај. На крајот, Пашик рекол: „Ние и пожелуваме на Романија секогаш да биде на чело на нациите што ги претставуваме и да ги води на патот на редот, мирот и на прогресот".

27 јули. Седницата на мировната конференција почна во 10 и 50 наутро за да се потпише мировниот договор. Во 11 часот салвата од букурешките тврдини го најави дефинитивното склучување на мирот.

Венизелос од името на членовите на конференцијата му ja изрази благодарноста на Мајореску за непристрасното и тактично водење на дискусиите и за рационалните совети што им ги давал на одредени делегации на одделни седници. Венизелос изјави дека името на Мајореску ке се изговара со искрена благодарност и длабока почит од сите народи, на кои Букурешкиот договор им го дава, на крај, мирот.

Сите учесници на конференцијата, станувајки од своите места, го поздравуваа Мајореску. Трогнатиот Мајореску им се заблагодари, одговарајки дека главната заслуга им припага на членовите на делегациите, кои со помирливото дејствување ja заслужија благодарноста на своите народи. Пред затворањето на седницата Мајореску рече: „Ние можеме да се разделиме свесни дека направивме се што можевме за да ги обезбедиме интересите на државите што ги претставуваме. Благодарение на личните врски што ги воспоставивме за време на нашата заедничка работа, ние ке бидеме пионери на добрите односи што се воспоставуваат мегу нашите држави. "

Букурешт

ликува:



При излегувањето од Министерството за надворешни работи по цел пат кон соборната црква толпата радосно ги поздравуваше делегатите. Напладне се одржа свечена богослужба во катедралата во присуство на кралот, кралицата, делегатите, министрите и највисоките службени лица. Во сите цркви се слуша биење на камбаните. Градот е украсен со знамиња, насекаде свири музика. По предлог на Спалајковик, сите делегати по излегувањето од катедралата во полн состав се упатија во дворецот, каде што се потпишаа кај кралот.

Награди на ограбувачите:



Кралот Карл им додели на членовите на конференцијата низа одликувања: Пашик, кој пеке има Орден на Романската ввезда, го доби портретот на кралот со неговата своерачна посмета, на Венизелос и на Вукотик им е доделен Орден на Романската звезда од I степен, ва Спалајковик и на Панас - Орден на Романската круна од I степен.

Бугарската делегација достоинствено се откажа од наградите:

„Членовите на бугарската делегација искажаа желба одликувањата да им бидат доделени дури по обновувањето на дипломатските односи и воспоставувањето срдечни односи мегу Романија и Бугарија".

Како одговор на букурешките, белградските и на атинско-солунските свечености по повод ограбувањето на Бугарија, во Софија „сите софиски друштва и корпорации и македонските емигранти се подготвуваат за протест против решенијата на Букурешкиот договор.

Јас мојот протест го испратив денес (Белешка до мин[истерот] за надв[орешни] работи).

Од Софија СПА телеграфира:

- 64 бугарски учители, кои беа задржани од српските власти во Македонија и беа орепракани од затвор во затвор, сега се протерани од Смедерево* во Оршова**, од каде што тие за сметка на бугарската влада се донесени во Ломпаланка. - Секако, ова е врз основа на српскиот Устав, за кој г. Спалајковик зборуваше на седницата на мировната конференција дека тој му гарантира на народот слобода на просветата и на црквата. - Српска гаранција!

Во разговорот со новинарите во Букурешт тој изјави дека српско-грчко-црногорскиот сојуз ке остане и по војната, поради тоа опасноста од бугарски реванш не го плаши. Кон постојниот сојуз се приклучи Романија, а ке се приклучи и Албанија, така се појавува нова балканска конфедераилја, во која може да влезе и Бугарија, ако посака.

, „Што се однесува до грчкото население во Тракија, ние бараме за него целосна национална независност, во спротивно ке се појават нови судири и нов повод за незадоволство. За да се избегне тоа, ние претпочитаме да и ja оставиме Тракија на Турција, зачувувајки ja во неа независноста на црквата, отколку да и ja вратиме на Бугарија".

Кон овие изјави на Венизелос треба да се додаде веста на ,,Ю[жный] К[рай]" од 28 јули од Константинопол: „Се очекува формално прогласување на грчко-турскиот сојуз. Иегова цел е автономија на Тракија, во која сферите на влијание се делат мегу Бугарите, Турците и Грците".

Може само да им се честита на руските дипломати за ваквите блескави услуги на

* Град во Србија, административен центар на Подунавскиот округ, во кој се наога голем затвор. ** Град во Романија на р. Дунав, кај Железната врата.

К. П. МИСИРКОВ - ДНЕВНИК

француската дипломатија, која не само што се стреми да ги спаси своите милијарди вложени во турските вредности, туку и го подготвува обновувањето на Византиската Империја со Константинопол и протоците. Не случајно Грците толку често вршат свечени богослужби ВО солунската „Света Софија".

Мегутоа, надежите на Грците и на Французите може да не се реализираат. Прашањето на несрекната Кавала и ревизијата на Букурешкиот мир многу ja заинтересираа руската дипломатија. Само да не се урне сета мировна зграда на балканските сојузници, изградена на песочен фундамент*.

Ja наведувам овде статијата:

Во

спомен

на А. А. Ростковски"



од Н. П. Мамонтов, ,,Г[олосъ] М[осквый]", 26 -VII -[19] 13", која и за мене има биографско значење.

Денес се навршија десет години од прераната смрт на еден од најверните слуги на Русија, кој високо го држеше руското знаме во странство, на нашиот конзул во Монастир (Нигола) Александар Аркадиевич Ростковски.

Тој загина на своето работно место, како и незаборавниот Г. С Шчербина127, првиот руски конзул во Митровица, од рацете на наемните албански убијци.

Но Шчербина загина чист од клевета, со неоцрнето име и неговата смрт предизвика барем некакво сожалување кај руската јавност, а Ростковски беше наклеветен од устите на неговите убијци и Русија не ja оцени тешката загуба...

Овие две злосторства останаа, всушност, неразјаснети.

Денес, на денот на десеттата годишнина од насилничката смрт на вториот наш конзул во Македонија, сакам да ги потсетам читателите за ова нечиста работа, раководејки се исклучиво со податоците што лично ги собрав во Македонија од Н. П. Кохмански128, в.д. на рускиот конзул во Солун, од С. В. Тухолка129, нашиот конзул во Митровица, А. С. Џолевски130, виден македонски деец и од единствениот сведок на убиството, секретарот на починатиот К. II. Мисирков.

А. А.Ростковски беше на оваа должност во Битола речиси десет години. Богат човек, ко] работеше од љубов, а не поради лична корист, срдечен и чувствителен, „ангел-чувар" на бугарското население и прекрасен познавач на историјата и на современата ситуација во Македонија, - А. А. Ростковски беше трн во окото на турската администрација. Неговиот решителен и цврст настап за сите прашања што го засегаа престижот на Русија правилно ce оценуваше во руската амбасада во Константинопол. Влијанието на Ростковски на сите работи во западна Македонија во корен го парализираше нелегалното австриско дејствување и поради тоа тој доби жесток непријател во лицето на својот австриски колега г. Крал131.

Во борбата против рускиот претставник Крал најде верен сојузник во битолскиот валија, на кој Ростковски со својата енергична дејност му предизвикуваше низа

исиријатности.

Да се собори Ростковски со помош на дипломатски интриги беше невозможно. Колку и да е необично, но руската дипломатија високо го ценеше покојниот, сметајки го за еден од иајдобрите претставници на Русија на Блискиот Исток.

На сојузниците им остануваше само да предизвикаат судир мегу Ростковски и Албанците и да го искористат за свои цели. Многу напори вложи неуморниот Крал и на 26 јули 1903 година тој го постигна своето.

На овс^ден наутро А. А. Ростковски, во придружба на својот секретар, Крсте Петков Мисирков, патуваше со пајтон од викендичката во градот. Наспроти воените касарни полицаецот „заптија", Албанец, кој одлично знаеше како изгледа конзулот, демонстративно ис го поздрави.

Ростковски му нареди на кочијашот да запре и излезе од кочијата. Тој не стигна да направи ни три чекори во правец на полицаецот, кога тој истрела во него од пушка. Куршумот пролета пскрај целта. Ростковски застана.

Што се случи понатаму, К. Π Мисирков ми раскажа вака:

- Јас скокнав од кочијата и викнав: Што правиш? Ова е рускиот конзул!

* Подвлечено во оригиналот.

К. П. МИСИРКОВ - ДНЕВНИК

Стражарот испука уште еднаш и Ростковски смртно ранет во градите падна. Коњите лстнаа, кочијата ja снема од видикот. Заптијата нанишани во мене, за да го отстрани јвпотребниот сведок, и испука. Јас паднав и се преправив како да сум убиен.

Дотрчаа војниците и офицерите. Јас го видов Енвер-беј132, кој ми беше познат и кој беше истакнат деец на Младотурската револуција, и ненадејно станав.

Сите се збунија.

На моја молба Енвер-беј ми додели офицер за придружба и јас безбедно стигнав до конзулатот.

Без оглед на ужасната минута, јас цврето запамтив дека заптијата-убиец Халим и другиот полицаец, кој исто така пукаше во Ростковски, Шуаиб, гордо им раскажуваа на офицерите и на војниците детали од настанот. Набргу сфатив во што е работата.

Моите сопатници веке зборуваа мегу себе дека убијците постапиле правилно.

-Ростковски самиот е виновен; тој се нафрли врз стражарот со камшик и почна да го удира по лицето. Кога Ростковски, откако го истепа стражарот, извади уште и револвер, преплашениот војник одмавна со пушката и таа испука!

Оваа чудовишна клевета утрото следниот ден ja објавија весниците од цела Европа, според зборовите на Крал, дописникот на „Korrespondenz Bureau".

Крал не помисли да го праша единствениот сведок К. П. Мисирков, но тоа и не му

гребало.

Toj пред убиството ги знаел деталите во таква светлина каква што му била поволна. Фактичките убијци сепак ги осудија и ги обесија.

Во Монастир уште долго се зборуваше дека за убиството на Ростковски Австрија платила сто златни монети, десет лири повеке отколку за убиството на Шчербина....

Оттогаш поминаа десет години, но на местото на убиството на Ростковски се уште нема ни споменик, ни дури ограда. Русија не посака достојно да го одбележи споменот на чеениот човек, кој загина на својата должност, верен борец за идејата на словенското единство, која денес безмилосно се гази...".

31

јули

1913 година



1812-[18] 13 и 1912-[19]13 година многу си личат една на друга, така и пред сто години

и сега Франција ja играше и ja игра најглавната улога во мегународниот живот на Европа.

Сепак тогаш непријателите на Франција, по неуспешниот поход на Наполеон на Москва,

успеале да создадат коалиција и на синот на корзиканскиот адвокат, францускиот император,

не му појде од рака да се справи со цела Европа, која се наоружа против него. Сега ние го

цоживуваме спротивното. Франција под раководство на претседателот Поанкаре, кој својата

политичка дејност ja почна како адвокат, во 1912-[19] 13 им нанесе целосен пораз на членовите

на поранешната коалиција против Наполеон. Русија, која беше главен непријател на

I[аполеонова Франција, секако го претрпе најголемиот пораз. Франција, со помош наТројниот

сојуз, успеа да и го попречи на Србија излезот на Јадранско Море, на Црна Гора да го

ювладее Скутари, таа самостојно го растури бугарско-ерпекиот сојуз создаден со напорите

на руската дипломатија; наместо словенскиот бугарско-ерпеки сојуз Франција создаде на

Балканот свој сопетвен антисловенски балкански сојуз со раководна улога во него на

несловенските држави: Грција и Романија. Таа, со помош на овој сојуз создаден од неа ja

ослабна Бугарија, која беше создадена со крвта на руските луге и со средствата на рускиот

народ. Откако* ги осуети мечтаењата на Бугарите да го завршат ослободителното дело на

царот-ослободител да ги обнови Санстефанскиот договор и санстефанска Бугарија, Франција

ι ii осуети напорите на руската дипломатија да добие контрибуција од Турција во корист на

сојузниците. Освен француската дипломатија, откако ja убеди Турција дека Франција [нема

ца се присоедини]*, Русија ке остане изолирана од сите држави, вклучувајки и [неа], ja

посоветува Турција без никаков ризик за себе да навлезе во Тракија и да ги врати Адријанопол

и Лозенград. Сега не само што не може да стане збор за контрибуција од Турција за

балканските сојузници што војувале против неа, но Турција под покровителство на Франција

склучува сојуз со Грција против Бугарија за да и ги одземе Тракија и Адријанопол.

Резимирајки ги резултатите на француската дипломатија на „рускиот театар на воените дејства", ja добиваме следнава слика:

* Rn мпнгицаплт ρ пприь'птднп

К. П. МИСИРКОВ - ДНЕВНИК

  1. Создавање автономна Албанија со истиснување на Србија од крајбрежјето на Јадранско Море.

  2. Ветување на Србија на долината на Вардар за нарушувањето од неа на српско-бугарскиот сојузнички договор, а според тоа, и за нејзиното излегување од бугарско-српско-црногорскиот сојуз создаден од Русија.

  3. Поддршка на Грција во бугарско-грчкиот сојуз и уништување на бугарско-грчкиот сојузнички договор.

  4. Откако ja изолира Бугарија, француската дипломатија состави антибугарски сојуз, шго истовремено значеше и антисловенски сојуз, но за да ja успие совеста на руската дипломатија, на печатот и на јавноста, Франција ja намести словенска Србија на чело на антибугарскиот сојуз и новите сојузници [...]* на словенска Бугарија под словенско знаме и Во име на интересите на Словенството.

  5. Новата, Втора балканска војна стана спас за Турција, чиј главен кредитор беше Франција. Турција беше спасена од контрибуција и йсе отвори перспектива за повторно присвојување на Адријанопол и на Тракија. Турција можеше да се ослободи од Париската финансиска комисија и од решенијата на Лондонскиот мировен договор.

  6. Втората балк[анска] војна и даде можност на Романија да не ги почитува решенијата на Петербуршката конференција во врска со бугарско-романската граница.

  7. Франција зад грбот на Русија ги убеди владите на балканските држави и на Турција дека Русија, без поддршка на Франција, не ке може да ja поддржи Бугарија против Србија и Грција, дека таа е немокна да ja оствари арбитражата на царот император, која е предвидена со српско-бугарскиот сојузнички договор, и поради тоа може да не им се обрнува внимание на телеграмите на царот император до царот Фердинанд и до крал от Петар дека Србија и Грција не треба да се согласат за состанок на балканските премиери во Петербург, дека Романија без секаков ризик може да навлезе на територијата на Бугарија, бидејки Русија бет поддршка на Франција нема да се осмели да ja нападне, дека Турција ке може да навлезе во Тракија, бидејки Русија без поддршка на Франција не ке се осмели да војува со Турција. Во вакви околности се подготви и се одвиваше Втората балканска војна. Француската дипломатија ги советуваше балканските држави да не й обрнуваат внимание на Русија, а на Русија й сугерираше да се чува од Австрија и од Тројниот сојуз.



  1. Советите и предупредувањата имаа успех и Русија остана ладнокрвна набљудувачка на юа како за неа не водат сметка ниту Србија, ниту Црна Гора, ниту Романија, ниту Турција; Русија ладнокрвно мораше да го поднесе уништувањето на создадениот од неа бугарско-српски сојуз за превласт на словенското племе на Балканскиот Полуостров и неговата замена со антисловенскиот балкански сојуз; таа мораше да се помири со разгромот и разграбувањето на еилна Бугарија создадена од царот ослободител; таа мора да го поднесе понижувањето поради непочитувањето на решенијата на Петербуршката мировна конференција, таа мора да го трпи навлегувањето на Турците во Тракија; таа мора да се помири со тоа што новите балкански сојузници на секој начин се тргаат на страна и го избегнуваат Петербург како непријателски за нив и второстепен политички центар. На крај, Турција, благодарение на Втората балканска војна и на изолираноста на Русија не само што е решена да не им плака никаква контрибуција на п[оранешните] балкански сојузници, туку со помош на новите балкански сојузници има намера да го доврши ослабувањето на Бугарија предизвикано од двете балкански војни. Француските милијарди вложени во турските вредности на тој начин сосема се обезбедени.

  2. Букурешкиот мир како да ja довршува победата на француската дипломатија. Тоа е одмазда на Русија, Австрија и на Германија (Прусија) за Виенскиот конгрес.

Во Букурешт е зацврстено ограбувањето и ослабувањето на единствениот природен сојузник на Русија во Европа - Бугарија. Во ослабувањето на Бугарија истовремено добија дипломатеюмюраз Русија и Австрија со Италија, бидејки ослабувањето на Бугарија беше направено во корист на непријателот на Италија - Грција и во корист на непријателот на Австрија - Србија.

Врз ослабувањето на Бугарија е создаден нов балкански сојуз со доминација во него па нееловенските држави: Романпја и Грција. Ако се земе предвид зближувањето на Грција со Турција врз основа на создавањето на автономна Тракија за сметка на Адријанополскиот витает, кој и припага на Бугарија според Лондонскиот договор, со доминација во неа на турскиот и на грчкиот елемент, тогаш е јасно дека несловенскиот балкански сојуз може да ja привлече на своја страна и Турција, земајки ja под свое покровителство и заштитата од напад од „трета страна", која може да биде само Русија и Бугарија.

* Во оригиналот е пречкртано.

К. П. МИСИРКОВ - ДНЕВНИК

И така, во Букурешт француската дипломатија, откако го ограби бугарското царство и ja пороби Македонија со нејзината поделба на српски и грчки дел, создаде нова голема држава во Европа со вклучување во неа и на Турција, т.е. се обновува Византиската Империја во нејзиниот најголем обем со припојување кон неа на Романија како раководител на новиот балканско-турски сојуз.

Се појавува прашањето, против кого ке биде насочен новиот балканско-турски сојуз создаден од француската дипломатија. Одговорот е јасен: против Русија поради протоците и кавкаската граница, Анадолија и Бесарабија, против Австрија - поради Трансилванија, Банат, јужна Унгарија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Далмација и Славонија, против Бугарија поради Македонија, Тракија и Добруџа. Така новиот сојуз има лице и опачина и француската дишгоматија, создавајки го новиот сојуз, и го покажува лицето на Русија и вели дека тој ке биде насочен против Австрија и Тројниот сојуз, а покажувајки и ja опачината на Англија вели дека новиот сојуз ке биде најдобра гаранција за зачувување на протоците и на целосноста на Турција од агресивната политика на Русија. Со други зборови, новиот балканско-турски сојуз ке биде природен сојузник на Франција и Англија и непријател на Русија, Бугарија и на Тројниот сојуз.

10. А дали Русија може да ги растури плановите на остроумниот г. Поанкаре? Очигледно, може. Ако на Бугарија и беше тешко да го спречи романскиот удар со нож во грб, тогаш руската дипломатија поради целосноста и зачуваноста на руската армија уште може да се ослободи од сищшрите што и ги става француската колешка која дејствува од заседа.

Русија исто така може да го раскине Букурешкиот договор зближувајки се со Австрија и со Германија и ослободувајки го бугарскиот народ во границите на санстефанска Бугарија исто како што направи Европа, која без да прибегне кон војна, во Берлин сосема го измени Санстефанскиот договор.

И Русија, без сомневање, ке го направи тоа со Букурешкиот мир.

2010-07-19 18:44 Читать похожую статью
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • © Помощь студентам
    Образовательные документы для студентов.